Црна хроника
Почина работник од Кочани, му се слошило додека работел во фирма
Шеесет и тригодишен работник починал додека работел во фирма во тетовско.
Според информациите, инцидентот се случил вчера кога на П.А. од Кочани му се слошило додека работел, по што починал.
Смрт констатирал лекар од здравствена установа од с.Брвеница. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.