Контакт

Црна хроника

По вербална и физичка пресметка на улицата Кеј 13 Ноември, приведен 39-годишен маж од Црна Гора

Објавено пред

Во угостителски објект на улицата Кеј 13 Ноември, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четири непознати лица.

Лицата, по вербалната и физичка пресметка, излегле надвор од објкетот во кој се наоѓале по што го скршиле стаклото на влезната врата.

По преземените мерки од страна на полициски службеници, бил приведен 39-годишен маж од Црна Гора, a се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на другите лица, информираат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Автомобил удри во шеснаесетгодишно девојче во Автокоманда

Објавено пред

Од

Шеснаесетгодишно девојче се здобило со тешки повреди откако во него удрило автомобил во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на МВР,  вчера околу 12 часот во полиција било пријавено дека на булевар Александар Македонски автомобил „фиат браво“ со прилепски регистерски ознаки, управувано од И.К.(62) од Прилеп, удрило во 16-годишно девојче од село Миравци, Гевгелиско.

Девојчето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се утврдуваат причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Топ

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Објавено пред

Од

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата. Од МВР соопштуваат дека на пожарникарот му се слошило додадека го гасел пожарот и бил пренесен во болница, каде што починал.

Според информациите од полицијата, вчера околу 16:30 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци се запалила поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички, напуштени гулабарници, додека во делот на транзитниот центар горела помала површина на сува трева.

При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што починал во 18:30 часот. Со наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца Италијанци и двајца тетовци уапсени за кражба на менувачница

Објавено пред

Од

Тетовската полиција го расчисти разбојништвото кое вчера (18 септември) во утринските часови беше извршено во менувачница, односно агенција за трансфер на пари лоцирана на тетовската улица Илинденска.

Како што информираат од МВР, усапсени се четири лица на возраст од 32 до 57 години поради сомнение дека се сторители на кривичното дело. Двајца од уапсените се од Италија, а другите двајца од Тетово.

Италијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. се осомничени дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а втората осомничена од Италија дека извршила кривично дело „прикривање“.

Според извештајот од МВР, првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20 000 евра, по што со такси-возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина.

Набрзо, четворицата разбојници се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово-Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект, каде престојувале, биле уапсени од тетовската полиција.

Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Прикажи повеќе...

Најново

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Македонија16 минути

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија34 минути

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ56 минути

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 час

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести3 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија3 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија3 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура24 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Досие