Црна хроника
По вербална расправија, едниот извадил нож, а другиот пиштол во детска градинка

Во детската градинка на улицата Рокомија во Скопје во текот на вчерашниот ден дошло до вербална расправија помеѓу двајца скопјани по што едниот извадил пиштол, а другиот нож, информираат од МВР.
„Според пријавеното, З.Џ. извадил пиштол, а Б.З. извадил нож. По преземените мерки од страна на полициски службеници, бил приведен З.Џ., при што кај него бил пронајден пиштолот“, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека лицето што извадило нож, по расправијата го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата, превезувал производи без документација

Вчера вечер во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од село Черкези, кумановско, извести МВР.
– Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. Додека, при преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација, соопшти МВР.
Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Излетал со возилото од пат, удрил во патоказ, па во автобус: алкохолизиран Македонец предизвика сообраќајка во Истра

Хрватската полиција вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус.
Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Северна Македонија, под дејство на алкохол од 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистрации на коловозот Бадерна – Пазин. Возачот не се движел среде обележаната сообраќајна лента, туку излетал надвор од коловозот и удрил во патоказ, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус со риечки регистарски ознаки, управуван од 45-годишен човек.
Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците не е повреден.
Против 41-годишникот се поведуваат прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Црна хроника
Возило изгубило контрола и се превртело на автопатот Свети Николе – Скопје

Вчера во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Свети Николе – Скопје, пред клучка Коњари, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(20) од Струмица, изгубило контрола и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.