Црна хроника
Превезувале огревно дрво без документација, приведени две лица од Кумановско

На 18.9.2023, во 19.30 часот, на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ ги лишиле од слобода Ф. Ќ. (41) од с. Лопате, Кумановско, и М. С. (49) од Куманово.
При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М. С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација.
Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка најдена почината во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во дом на подрачје на Шуто Оризари била пронајдена почината К.У.(73) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
„Ауди“ со илегални мигранти се судри со автомобил кај Струмица – има повредени, возачот на „аудито“ побегнал

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.
По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено, објави МВР.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.