Контакт

Црна хроника

Прегазено дете во Ченто

Објавено пред

Автомобил управуван од Ф.И.(20) од селото Сингелиќ, скопско удрил во малолетно лице кое пешачело.

Несреќата се случила вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје.

По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Во две контроли вчера биле пронајдени 148 мигранти, еден од возачите ѝ побегнал на полицијата

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, во двe одделни полициски контроли кај Демир Капија и Липково биле пронајдени вкупно 148 мигранти.

Како што информират од МВР, првиот случај бил регистриран околу 8.50 часот утрото кога полициски службеници од полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик, кај Демир Капија, сопреле автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишен скопјанец, а веднаш по него било запрено и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Возачот на товарното возило, 37-годишник од Липково, се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во неговото возило биле 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија.

Двајцата осомничени биле приведени во полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Подоцна, во 19.10 часот било пријавено дека на местото викано „Врело“ во село Ваксинце, Липково, било затекнато комбе „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое побегнало, а во возилото биле пронајдени 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина.

Мигрантите биле сместени во транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка, а оние од првиот случај се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Стружанец нападнал вработен во хотел со железна шипка

Објавено пред

Против 31-годишен стружанец поднесена е кривична пријава поради загрозување со опасно орудие при тепачка.

Тој пред неколку месеци нападнал вработен во хотел во Струга.

Според информациите од полицијата, двајцата се расправале по што стружанецот со железна шипка го нападнал угостителот.

Прикажи повеќе...

Топ

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Објавено пред

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник.

Како што информираат од МВР, непосредно пред полноќ во скопското село се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од 18-годишен скопјанец, на кој се превезувала и 17-годишна малолетничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од селото Јурумлери, на кој како сопатник се превезувал и 15-годишник.

На местото на незгодата од лекар на итната медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист од Јурумлери била констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и...

Топ1 час

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија2 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет2 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија3 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија3 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет4 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет4 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет5 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија5 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија20 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија20 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа20 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија21 час

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија23 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија23 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија1 ден

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Досие