Црна хроника
Прегазен малолетен пешак во Гостивар

Вчера во Гостивар, на булеварот „Браќа Ѓиновски“, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(67) од Гостивар удрило во малолетен пешак од градот.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информираат од МВР.
Увид извршила полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување затворска казна.
Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11 месеци.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Кривична за виничанец, две години не плаќал данок за фирмата

ОВР Виница поднесе кривична пријава Ј.Ѓ.(60) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.
Пријавениот во периодот од 1.1.2018 до 31.12.2019, во својство на управител на правно лице од с.Лаки, со непресметувањето и неплаќањето на даночните обврски кон Р Северна Македонија го оштетил буџетот, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Црна хроника
Го пријавиле синот дека им се заканува, полицијата кај него пронашла и марихуана

На 9.8.2022 во 2З:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово.
Тој претходно бил пријавен дека околу 23:00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом.
Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана.
Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.