Црна хроника
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
Синоќа на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.
Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода. Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување.
Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва
Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.
Црна хроника
Уапсен 32-годишен кумановец: бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 32-годишниот М.И. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.
Црна хроника
Четворица уапсени во Куманово: при претрес пронајден алат за извршување кривични дела
Вчера во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 37-годишниот Б.С., 43-годишниот Н.М. и 38-годишниот З.Ч., тројцата од Штип и 39-годишниот З.П. од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.