Контакт

Топ

Престрелка меѓу две групи во Гази Баба, едно лице повредено

Објавено пред

Престрелка меѓу две групи попладнево се случила во Гази Баба. Засега од МВР велат дека немаат информации за овој случај.

Оттаму потврдуваат дека во градската болница св. Наум Охридски било донесено едно повредено лице, а пријавено е од страна на лекарите.

Веднаш по престрелката на увид излезе полицијата на улицата „Ордан Чопела“, која се наоѓа во близина на парк шумата Гази Баба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Сивиот дом” замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Објавено пред

Во двата мали групни домови отворени денеска се згрижени децата кои досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска натаму, трите институции за згрижување деца без родителите и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со интензивна потреба од поддршка и рехабилитација обезбедуваат индивидуална грижа во мали групни домови, во топла средина налик на семејната.

„Од денеска, „сивиот дом“ на нашиот социјален систем замина во историјата. Со интензивна стручна поддршка и 24 часовен надзор ќе им помогнеме на децата кои на рана возраст дошле во судир со законот, да зајакнат и да се развијат во идни активни граѓани кои учествуваат во заедницата. Реинтеграцијата на децата е нашата цел – во иднина да имаме примери на успешни млади кои го оформуваат образованието и стекнуваат позитивни животни вештини“, истакна Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

„Домот е место во кое секој треба да чувствува припадност и сигурност. Ова се однесува за сите деца, но особено за децата со комплексни емотивни потреби кои најчесто застрануваат од патот поради недостиг од поддршка во семејството и заедницата. Без оглед на тоа колку добро е опремена, или колку се квалитетни вработените, една институција не може да ја замени љубовта и поддршката што постои во семејно опкружување. Денес правиме уште еден важен чекор кон ставање крај на сместување деца во институции, но трансформацијата во работата на Ранка Милановиќ само што започна и ќе бара континуирана посветеност и инвестиции за секое дете да има можност да се справи со негативните искуства и да го развие својот целосен потенцијал“, рече Елспет Ериксон, заменик претставник на УНИЦЕФ.

„Нашата служба за деца со социјално-воспитни проблеми повеќе од една година згрижува над 25 деца во пет групни домови. Децата редовно одат на училиште, бегствата се драстично намалени, се вклучуваат во креативни работилници, организираат изложби и немаат судир со законот, што порано беше секојдневие. Тоа не уверува дека и во овие нови групни домови за децата со нарушено поведение ќе обезбедиме грижа, поддршка и стручна работа што ќе им помогне на децата да се развијат во креативни и исполнети личности“, изјави Виолета Масевска Палиќ, директорка на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение „25 Мај“.

Во изминативе две години отворивме вкупно 20 мали групни домови за деца и уште три за возрасни, а бројот на лица долгорочно згрижени во институциите го намаливме за повеќе од една третина.

„Во летото 2017 најавивме дека нема да има повеќе деца до тригодишна возраст згрижени во институции до крајот на 2020 година. Многумина беа скептични. Тогаш, во шесте социјални институции низ земјава беа сместени 180 деца до 18 годишна возраст. После малку повеќе од две години, денеска во институциите имаме уште 5 деца до 18 годишна возраст. Со увереност можам да најавам дека до крајот на годинава, ниту едно дете под 18 годишна возраст нема да биде сместено во институција во Северна Македонија. Бидејќи секое дете заслужува грижа и топол дом“, дополни Царовска.

Со трансформацијата на институциите се отворија и нови работни места. Со вложување во нови вработувања и во развој на човечките ресурси, обезбедуваме вистински квалитет на грижата, додава министерката.

Прикажи повеќе...

Топ

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Објавено пред

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби.

Според информациите на охридската полиција, вчера, во 20 часот, полициски службеници на улицата Св. Климент Охридски во Охрид го привеле Х. С. (23) од Скопје.

Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи влегол во три златарници на истата улица.

По целосно документирање на настанот и во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Објавено пред

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот Регион, кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на животната средина.

Според објавите на „Екогерила“ и Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit на „Фејсбук“, километри траса се сечат за да се изградат зафати и цевководи за хидроелектрани. Тие најавуваат голем народен собир викендов во Лешница.

Тие апелираат да престане уништувањето на шумите и да запре изградбата на хидроцентралите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

„Сивиот дом” замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни домови отворени денеска се згрижени децата кои досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ2 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија2 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ2 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија2 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа3 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија4 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа5 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион6 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет6 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа6 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија16 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија18 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија20 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа22 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија23 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија1 ден

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија1 ден

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија1 ден

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет1 ден

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Досие