Црна хроника
Претреси во Куманово, пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица
Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово.
При претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјани ги нападнале сопругата, мајката, бабата, беровец татка си – нови случаи на семејно насилство
Полицијата обелодени нови случаи на семејно насилство што се случиле во изминатото деноноќие, од кои два на територијата на Скопје и еден во Берово.
„Денеска (11.12.2024) во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.11.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел телесна повреда“, се наведува во информацијата од МВР.
Црна хроника
На Бит Пазар приведено дете со нож
Синоќа на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
„Пукаше кон мене, но не ме повреди“ – во Мирковци пукање поради нерасчистени долгови
Четириесетгодишник од Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.
Извршен бил увид од увидна екипа, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.