Црна хроника
Претреси во Чашка и Штип, пронајдено оружје

Ловни пушки и куршуми биле пронајдени при претреси на неколку локации во Чашка и Штип.
Според информациите на МВР, полициски службеници денеска извршија претреси на локации во село Ореше, општина Чашка и во Штип. При претрес кај К.И. (44) во Ораше пронајдени се две ловни пушки, 22 ловечки патрони и 42 куршуми, а од Е.П. (50) одземен е ловен карабин.
При претрес во Штип, кај К.А. (37) пронајдени се куршуми и таблети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден тетовец кој со автомобил излетал од патот

Педесет и двегодишен тетовец е тешко повреден откако синоќа со автомобил „опел корса“ излетал од автопатот Гостивар-Тетово.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Тетово.
Топ
Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект.
„ По претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.
Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Црна хроника
Загина работник на објект, во него удрил колега со машина

Четириесет и седумгодишен маж од гевгелиското село Фурка починал откако во него удрила работна машина додека работел на објект.
„ На 04.03.2021 во 13.45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајки работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект.
С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер