Контакт

Топ

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Објавено пред

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја продавала дрогата од дома, но и од работното место.

Вчеравечер, околу 18.30 часот, полициски службници ја привеле В. Р. (45) од Тетово. Според информациите на МВР, при извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 пакувања кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашеста материја, кои ги продавала и додека била на работното место.

В. Р. е задржана во Полициската станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 280 оздравени пациенти од: Скопје-148, Куманово-3, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77), еден од Ресен (59) и еден пациент од Битола (76). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 10169, активни 2751
• Куманово 1998, активни 234
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1461, активни 157
• Прилеп 935, активни 214
• Тетово 1761, активни 304
• Струга 754, активни 76
• Велес 448, активни 108
• Битола 476, активни 152
• Охрид 533, активни 106
• Кавадарци 327, активни 81
• Гостивар 1042, активни 103
• Гевгелија 267, активни 132 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 40 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 606, активни 364
• Крива Паланка 184, активни 62
• Радовиш 179, активни 75
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 573, активни 196
• Пробиштип 141, активни 16
• Демир Хисар 69, активни 8
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 55, активни 9
• Берово 172, активни 45
• Валандово 83, активни 45
• Виница 151, активни 50
• Делчево 213, активни 117 (41 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 5
• Свети Николе 427, активни 59
• Кичево 424, активни 80
• Ресен 202, активни 38
• Неготино 88, активни 33 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2140 теста се преку: ИЈЗ-471, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-436, Биотек-340, МАНУ -239, Жан Митрев (Филип Втори) -277, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-10, Синлаб-52, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 123
• Гази Баба – 307
• Аеродром – 552
• Карпош – 446
• Центар – 454
• Кисела Вода – 310
• Ѓорче Петров – 220
• Бутел – 113
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 44
• Сопиште – 22
• Чучер Сандево – 10
• Петровец –19
• Зелениково – 9
• Странец – 12
• Нераспределен- 64

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што побргу едногласно да се изгласаат двата пакета на мерки за заштита на населението и спречување понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство за важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментот веќе се во сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

„Истовремено, им порачувам на граѓаните дека и постојните мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секого од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следуваат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

Објавено пред

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен овој закон, но истиот не беше на дневен ред бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ побарале да го разгледаат и да дадат свои предлози.

Станува збор за измени и дополнувања во насока на мерките кои претходно беа усвоени на владина седница. За да стапат на сила овие мерки, неопходно е да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Пакетот се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

На денешната седница пратениците ја изгласаа потребата за носење закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка. Изгласани беа и одлуките за испраќање двајца припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан, како и испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија1 час

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија4 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија5 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија6 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа6 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија7 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа8 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија8 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија8 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет9 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет9 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет9 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија23 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет24 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Досие