Контакт

Топ

Приведена негувателка, мајката ја снимила како ѝ ги тепа децата

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело запуштање и малтретирање дете.

Како што се наведува, во периодот од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување две деца на возраст од три години, грубо ја запоставувала својата должност за грижа и воспитување и ги малтретирала. Според информациите, таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата. Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видеозаписот ги забележала малтретирањето и однесувањето кон децата по што поднела кривична пријава.

Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, да влијае врз сведоци, чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба, или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.

Македонија

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Објавено пред

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако Врховниот суд вчера ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме…

Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Сабота, 19 септември 2020

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна на Јанкулоска. Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Објавено пред

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и останатите деца.

Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следње на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата.

„За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наствниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присутсво, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19“, соопштија од МОН.

За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени.

Исто така, наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето.

„Приоритетната и најважната цел на Министертсвото за образование и наука е да обезбеди пристапност до наставата за секое девојче и момче во државата, без разлика каде живее. Нашата примарна цел е да создадеме образование достапно до секого и образовен процес којшто ќе ги постави темелите за развој на идни генерации кои ќе бидат движечката сила и умот на државата“, велат од МОН.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец.

Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против Ковид-19.

„Вакцината што ја одобри американската Администрација за храна и лекови ќе биде подготвена за дистрибуција во рок од 24 часа. Нашата војска ќе испорача голем број вакцини каде што е потребно. Пред крајот на оваа година, ќе имаме најмалку 100 милиони дози од вакцината, можеби и повеќе. 100 милиони дози ќе се произведуваат секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април“, рече Трамп.

Тој истакна дека ќе го победи коронавирусот со логистичка поддршка на војската за краток временски период.

„Ќе завршиме многу добра работа со нашата војска во борбата против Ковид-19, исто како што го победивме ИСИС“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија2 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија2 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет3 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија3 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Топ4 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт4 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион17 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет18 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија19 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ21 час

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија22 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија24 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 ден

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Досие