Црна хроника
Приведена 22-годишна тетовка барана со потерница за кражба од возило во Скопје

Синоќа, во Скопје, приведена е 22-годишна тетовка, која била барана со потерница за издржување затворска казна за кражба на предмет од возило.
Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна му бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (18.5.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Убиено 22-годишно момче во тепачка во Струмица

Вечерва во Струмица е убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Туското маало.
Во тепачката повреден е малолетник и две жени, соопшти полицијата.
Повеќе детали за настанот полицијата најави за утре.
Црна хроника
Убиен жител на село Ласкарци, во него пукале две лица

Синоќа, во скопското село Ласкарци две лица со огнено оружје пукале во 34-годишниот Р. Ќ..
Тој добил повреди по што починал во возилото на итната медицинска помош при транспорт до комлпексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две пациентки се степале во Клиничкиот центар

Две пациентки се степале во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според информациите, вчераутро, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г. А. (43) и Е. Љ. (29), двете од Скопје, кои биле пациентки во Клиничкиот центар. По документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.