Црна хроника
Приведени двајца крадци, одземените пари вратени на сопственичката

На 8.12.2022 во 14:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар ги лишиле од слобода Р.Р.(21) и Џ.Р.(32), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека одзеле пари од возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Д.С.(47) од Скопје, кое истиот ден било оставено за чистење во салонот за миење автомобили во која работеле.
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото.
Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Напад со остар предмет во автобус во Скопје

На 02.02.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Студеничани, Скопско, пријавил дека околу 13.40 часот во градски автобус бр.55 на ул.„Методија Андонов Ченто“, по кратка расправија, едно лице го нападнало со остар предмет и му нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
МВР: Во акциска сообраќајна контрола санкционирани се 43 возачи, кај 42 возила констатирани неправилности

Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на целата држава. При контролата санкционирани се 43 возачи.
Од нив, 23 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило).
Во однос на возилата кај 42 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, шест поради измината важност на сообраќајната дозвола.
За време на контролата санкционирани се и 127 други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Товарно возило усмрти пешак во Скопје

Товарно возило удрило во 92-годишна жена од Скопје, соопшти полицијата.
Вчера, во 13.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Марко Орешковиќ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С. Н. (40) од с. Богомила, Велешко, удрило во пешакот Б. М. (92) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добила Б. М. по што била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им подлегнала на повредите.
Според МВР, извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.