Контакт

Црна хроника

Приведени крадци од Скопје, краделе во црквата Св. Недела во Катланово

Објавено пред

Полицијата денеска приведе две лица во скопското село Катланово, кои утрото извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово.

„Денеска (23.11.2020) во с.Катланово-скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“ соопшти МВР.

Црна хроника

Велешкото обвинителство побара притвор за дилер на дрога​

Објавено пред

Основното јавно обвнителство во Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 40 години за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во домот на осомничениот, на 26 јануари 2021 година, службените лица пронашле наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 584,34 грама, наркотична дрога хашиш во вкупна количина од 4, 75 грама и психотропна супстанција – амфетамин во количина од 20,36 грама. Осомничениот неовластено заради продажба, ја чувал дрогата во повеќе различни пакувања на различни места во домот. Покрај дрогата, во станот на осомничениот е пронајдена и електронска мини вага за мерење.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Прикажи повеќе...

Топ

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

Објавено пред

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, како инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки за обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката​, соопшти Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Казнети 155 возачи во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 9 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 5 за користење  мобилен телефон и 8 мерки за некористење сигурносен појас.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Транспаренси: Македонија најлошо рангирана досега во борбата против 
корупцијата

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси Интернешнл открива дека корупцијата допринесува за уназадување...

Свет39 минути

Гејтс откри колку пари вложил во вакцините

Бил и Мелинда Гејтс објавија годишно писмо на својата веб-страница во кое зборуваа за можните последици од оваа и идните...

Свет1 час

Француската армија заплени рекордни 4,2 тони кокаин спакувани во 177 пакети

Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските...

Свет1 час

Трамп ужива во Флорида, Пенс стана „бездомник“

Додека Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во прекрасниот имот Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот поранешен заменик заврши на улица....

Топ2 часа

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење...

Свет2 часа

По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за...

Свет3 часа

Белата куќа бара меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен...

Свет3 часа

„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на „Астразенека“ и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит сугерира...

Свет3 часа

Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката...

Регион4 часа

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00:28 часот во областа Петриња....

Македонија13 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет17 часа

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет17 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија18 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија20 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија21 час

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија22 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија22 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија23 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија24 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Досие