Црна хроника
(Видео) Приведени пет лица кои физички нападнале жител од скопско Батинци, му барале пари и му го одзеле возилото

На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.
Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.
По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница.
По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило.
Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Три лица се приведени денеска во Битола, откако кај нив била најдена дрога.
Според информациите од МВР, на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привела Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.
Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го нападнала колегата во компанија во Петровец

Полицијата информира дека завчера попладне колешка нападнала колега во фирма во скопски Петровец.
„На 22.6.2022, околу 12.20 часот, во Полициското одделение Петровец, Б. Н. (36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с. Петровец, Скопско, бил физички нападнат од својата колешка К. А .М.“, се вели во извештајот на МВР.
Од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Дебарца крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево – Охрид

Утрово, во 00.30 часот, во СВР Охрид приведен е Н. С. (59) од селото Требеништа, општина Дебарца, соопшти полицијата.
Тој претходно бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а му биле пронајдени две пластични туби со 50-ина литри гориво.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.