Контакт

Црна хроника

Приведени три лица барани со потерница

Објавено пред

Вчера, во 10.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип е приведен Е. С. (32) од Штип за издржување казна затвор. Тој е спроведен во КПУ „Струмица“ на издржување на казната.

Претходно, во 5.50 и во 6.25 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица приведени се и М. С. од селото Саса и И. И. од Македонска Каменица за издржување казна затвор. Првиот е спроведен во КПУ „Струмица“, а вториот во затворот во Штип, каде што ќе ја издржуваат казната.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Обвинителството ја отфрли пријавата за пиратерија поради реемитување на бокс меч

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за повреда на авторско право и сродни права од член 157 и Пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

„Според наводите во пријавата поднесена на 15.02.2019 година, пријавениот како овластено лице – главен извршен директор на правното лице, на 02.12.2018 година неовластено овозможил за неговите корисници реемитирање на програмски сервис од Република Хрватска, на кој се емитувал бокс меч за кој ексклузивни права имала откупено една од националните телевизии во земјава. Со ова, според пријавата, на телевизијата и била нанесена штета од 2.500.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител достави наредба до МВР-СВР Скопје за прибирање на целокупната документација за лиценцирање на наведената телевизиска програма и потпишаните договори за соработка на вклучените оператори врз основа на кои се обезбедени праа за реемитување на програмски сервиси. Наведениот бокс меч премиерно се емитувал на хрватскиот програмски сервис во 6:00 часот наутро, но бидејќи пријавените имале сознанија за одржувањето на спортскиот настан и за ексклузивните права стекнати на македонската телевизија, извршиле затемнување на програмите од хрватскиот сервис во периодот од 3:00 до 10:00 часот, со што било оневозможено премиерно реемитување на мечот во целост. Но, бидејќи немале никаква информација дека хрватскиот програмски сервис има намера да го репризира мечот, во преостанатиот дел од денот програмата на хрватската телевизија била реемитувана во целост, без затемнување, па на тој начин се реемитувало и репризното издание на бокс мечот.

Во исто време, понудувачот на услугата за реемитување на хрватскиот програмски сервис на територијата на државава, во допис до пријавеното правно лице, признал дека не испратил предупредување за затемнување на содржината затоа што такво предупредување не добил од хрватската телевизија. Притоа изразил подготвеност да ја преземе целата одговорност доколку дојде до барање за надомест за штета од македонската телевизија која ги поседувала ексклузивните права за содржината“, се вели во соопштението.

Обвинителството заклучува дека по извршената анализа на сите прибрани докази, произлегло дека во дејствата на пријавените не се содржани елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар, ниту на други кривични дела кои се гонат по службена должност. Наведените кривични дела се вршат со умисла, која недостасува во дејствијата на пријавеното физичко лице. Реемитувањето на наведената програмска содржина не се случило поради прекршување на правилата од страна на пријавените, туку поради несоодветно постапување на хрватскиот програмски сервис, кој имал обврска да го извести дистрибутерот за затемнување на програмата затоа што не ги поседувал правата за емитување на бокс мечот за територијата на државава.

Решението е доставено до оштетените, кои согласно член 288 став 2 од Законот за кривична постапка, имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена по приемот.​​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава за нелгално градење во Чаир

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М (34) од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

Имено, пријавениот во текот на септември годинава, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во Чаир, на парцела со вкупна површина од 11.042 м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија.

Градежните работи кои што се состоеле од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што го сторил кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Топ

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Објавено пред

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија.

Од МВР информираат дека полициските службеници сопреле патничко возило со гостиварски регистарски таблички, кое е во сопственост на А. С. (41) од с. Лакавица, Гостивар, а управувано од Ф. Ц. (20) од Р. Албанија. Во возилото биле и Б. Л. (34) и Т. Е. (26), двајцата од Албанија.

„При преглед на возилото и лицата била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф. Ц.. Лицата се приведени во полициска станица, а Ф. Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија2 часа

Ѓоргиев за ДВ: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ3 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија4 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет4 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет5 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија16 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија16 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија17 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет18 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие