Црна хроника
Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума

На 24.05.2023 година во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко.
Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.
Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му се заканувала на семејството и била агресивна – приведена 32-годишна прилепчанка

Полицијата доцна синоќа приведе 32-годишна девојка од Прилеп која агресивно се однесувала и им се заканувала на членовите на нејзиното семејство.
„На 26.05.2023 во 02:00 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициската станица Прилеп била лишена од слобода К.И.(32) од Прилеп поради тоа што во домот агресивно се однесувала и упатувала закани кон членови на нејзиното семејство“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Аеродром

Седумдесет и шестгодишна жена од скопската населба Аеродром вчера била најдена почината во својот стан.
„Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Црна хроника
Манијак вознемирувал млада девојка во парк, пријавила дека ја допирал

Дваесет и петгодишна девојка пријавила дека околу 2 часот во Градскиот парк била допирана по телото од едно лице.
Како што објави МВР, вознемирувањето се случило пред неколку дена.
„На 24.05.2023 25-годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во Градскиот парк во Скопје, била допирана по телото од едно лице“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.