Црна хроника
Приведен дилер во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 28-годишниот К.Л. од Скопје. Претходно, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволената трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, неколку пакувања бела прашкаста материја, таблети, дигитална вага, куршуми, пари и други предмети, извести МВР.
„Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси неколку лица по масовната тепачка пред ноќен клуб во Штип
Вчера во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети.
С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.