Црна хроника
Приведен крадец во Радовиш, одземеното ќе му биде вратено на сопственикот

Вчера, во 22.30 часот, во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода 18-годишниот Т. Ј. од Штип, извести МВР.
„Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш. Кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од кражбата и ќе му бидат вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Т. Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


Маж на возраст од 59 години бил пријавен за исчезнат во СВР Велес вчера во 19 часот.
За исчезнувањето пријавил неговиот внук кој рекол дека педесет и девет годишниот вујко Д.П се оддалечил од неговиот дом во којшто живеел сам.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата, и како што велат – истрагата е во тек.
Црна хроника
Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Околу 13.30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги ја лишиле од слобода С.Ц.(63) од Скопје.
Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Од обложувалница во Шутка одземени пари, уапсени три лица од Скопје

Полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на 06.12.2023 во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари со закана кон вработената oдзеле пари од касата. При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.