Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Скопје вчера (29.10.2021) го лишиле од слобода М.М. (19) поради основано сомнение за сторено кривично дело кражба на 13.10.2021 на ул. Костурски херои врз Д.Д. (43).
Според полицијата, извршен е службен разговор и против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 235 од КЗ, а украденото ќе биде вратено на сопственикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.
Според информациите се работи за М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..
Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.
По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги зеле парите

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти.
Четворицата кои го направиле обидот не успеале да го отворат банкоматот, а со експлозијата оштетиле три возила кои биле паркирани во непосредна близина. Повредени лица нема.
„Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Казнети 180 возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.