Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба

Денеска, во 2 часот, на булеварот Партизански одреди, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е. Д. (33) од Скопје.
Тој бил затекнат при обид за извршување тешка кражба во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.
Притоа кај него бил пронајден предмет што потекнува од кривични дела тешка кражба, пријавени на 27.6.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.6.2022, при што од книжарница на улицата Ѓуро Стругар во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики, соопшти полицијата.
Лицето, како што информира МВР, им е предадено на полициски службеници од Полициската станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа помеѓу Србин и Босанец кај Петровец, едно лице заврши со тешки повреди во болница

Вчера на автопатот Пријателство, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р. Србија и мотоцикл „хонда“ со национална ознака на БиХ, управуван од В.М.(38) од БиХ.
Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
Црна хроника
Тешко повредено дете во Кавадарци, врз него паднала пречка од гол

Вчера во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде што престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид извршила увидна екипа од Кавадарци, соопшти МВР.
Црна хроника
114 казнети возачи на територија на СВР Куманово

Денеска во периодот од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 114 возачи.
Од нив, 104 санкции се изречени на територија на Куманово, 8 санкции на територија на Кратово и 2 на територијата на Крива Паланка.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.