Црна хроника
Приведен крадец од Скопско за издржување двегодишна казна затвор

Ноќва, во 1.40 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативниот тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода 24-годишниот И. Н. од скопско Трубарево, извести МВР.
„За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
И. Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Тинејџер со украдено возило усмртил жена на тротоар во Скопје и побегнал

Обвинителството бара притвор за 18-годишник од Скопје кој на 30 август во период од половина час украл автомобил, прегазил пешак и избегал од местото на несреќата.
Скопското обвинителството спроведе истражна постапка против тинејџерот за одземање на моторно возило, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајка.
На 30 август, од паркинг просторот пред зграда лоцирана на булеварот „3-та Македонска Бригада“ противправно одзел туѓо моторно возило со намера да го употреби за возење. Управувајќи го украдениот автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, по булеварот „Борис Трајковски“, осомничениот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
„Автомобилот го управувал без возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, изгубил контрола над управувачот и со возилото излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил во телото на пешак. Од ударот, оштетената која се движела како пешак по тротоарот, се здобила со тешки телесни повреди и подоцна починала.
По ударот, без да укаже помош на оштетената, осомничениот продолжил да вози, повторно изгубил контрола над управувачот од возилото и удрил во метална ограда. Го оставил возилото и пеш го напуштил местото, криејќи се од органите на прогонот“, информираа од Обвинителството.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постојат особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Насилство во Лисиче: малолетничка нападната од нејзини врсници

Малолетно девојче било нападнато од неколку врсници, изминатиот викенд околу 21 часот, на подрачјето на скопската населба Лисиче.
Случајот во полицијата го пријавила мајката не девојчето.
Се преземаат мерки за расчистување, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанец ја натепал сопругата

Полицијата приведе 64-годишен скопјанец поради напад врз неговата 10 години помлада сопруга.
Мажот во нападот, како што информираа од МВР, употребил и тврди предмети.
„Денеска (21.09.2023) во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.А.(64) од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 54 – годишна сопруга, при што употребил и тврди предмети“, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.