Црна хроника
Приведен крадец што ограбил скопска аптека

Триесет и шестгодишен скопјанец (Е. А.) е приведен откога синоќа извршил разбојништво во аптека на булеварот Видое Смилевски-Бато.
Тој со закана од вработената одзел сеф со пари.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е. А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Одложен затворот за Бобан Илиќ, кој го прегази малиот Алмир

Кумановскиот суд ја уважи жалбата на обвинителството за одлагање на почеток на издржување казна затвор за осудениот Бобан Илиќ, кој во 2016 година го прегази четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
„Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското обвинителство изјавена против решение на судија за извршување кривични санкции донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор.
Имено, обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна. Казната затвор во траење од 4 години, по поднесено обвинение на кумановското обвинителство и судска постапка, на осудениот му беше изречена од Апелациониот суд, а за сторено кривично дело тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осудениот го стори кривичното дело на 25 јуни 2016 кога со автомобил му нанесе тешки телесни повреди со смртна последица на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Одлучувајќи по поднесената жалба од обвинителството, Основниот суд Куманово донесе решение со кое го преиначи решението на судијата за извршување кривични санкции и осудениот го задолжи веднаш по приемот на одлуката да се јави во казнено-поправна установа за да почне со издржување на затворската казна“, соопшти обвинителството.
Црна хроника
Тетовец направил дивоградба на државно земјиште

Tетовската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишниот Б.И. (57) од овој град поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Како што информираат од МВР, тетовецот во својство на инвеститор, во текот на 2020 година, на катастарска парцела во државна сопственост, без одобрение за градба од надлежен орган, во Тетово изградил објект со што узурпирал државно земјиште на површина од 117 квадратни метри.
Црна хроника
Кривична за кавадарчанец кој чувал кокаин и воздушна пушка во викендичка покрај Тиквешкото Езеро

Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против И.Д.(38) поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, на 29 мај минатата година полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај И.Д., во два објекта на правно лице, кои ги користи, како и викендичка покрај Тиквешко Езеро, при што пронашле и одзеле кокаин, пари и воздушна пушка „камо“ со калибар 4.5 мм, за која не приложил дозвола.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран