Контакт

Топ

Приведен крадец кој ограбувал станови во Мичурин

Објавено пред

Полицијата приведе 32-годишен скопјанец, кој извршил две кражби во станови во Мичурин, соопшти МВР. Против него е поднесена кривична пријава за две кривични дела – кражба и тешка кражба.

Според информациите на МВР, првата кражба пријавениот А.Н. ја извршил на 15 април годинава околу 21,40 часот во стан на улица Петар Ацев на тој начин што се прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена влегол внатре во станот. Откако извршил пребарување бил затекнат од сопственичката на станот и истиот во брзање од дневната соба успеал да земе еден лап топ и избегал.

Втората кражба ја извршил на 02 септември, исто така, во стан на улица Петар Ацев на тој начин што се прекачил преку прозорeцот од кујната кој бил отворен, насилно го отворил комарникот, и влегол внатре во станот, од каде украл ЛЦД телевизор, еден мобилен телефон, разновиден златен накит и два паричници во кои имало лични документи и пари.

Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените. Крадецот бил приведен во четвртокот.

Македонија

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Објавено пред

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да ги следат на Македонската радиот-телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Часовите ќе почнуваат во 8:30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката за образование, Мила Царовска, на својот фејсбук-профил ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија.

Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини…

Posted by Мила Царовска on Среда, 30 септември 2020

„Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“, напиша Царовска на „Фејсбук“.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 77, Куманово – 9, Дебар – 3, Штип – 5, Прилеп – 11, Тетово – 16, Струга – 3, Велес – 5, Битола – 6, Охрид – 2, Кавадарци – 3, Гостивар – 5, Гевгелија – 1, Струмица – 9, Крива Паланка – 3, Радовиш – 6, Кочани – 10, Пробиштип – 3, Берово – 1, Валандово – 3, Виница – 3, Делчево – 2, Свети Николе – 5, Кичево – 2, Неготино – 1.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 33, Куманово – 8, Дебар – 13, Штип – 3, Прилеп – 6, Тетово – 29, Струга – 2, Велес – 6, Битола – 5, Охрид – 1, Кавадарци – 8, Гостивар – 5, Гевгелија – 1, Струмица – 14, Крива Паланка – 2, Радовиш – 1, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 4, Берово – 5, Валандово – 1, Виница – 5, Кичево – 5.

Во болнички услови се починати 2 пациенти – од Прилеп (80) и од Велес (54).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.977, бројката на оздравени пациенти е 14.959, на починати е 739, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.279. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.025, активни 727
• Куманово 1.764, активни 181
• Дебар 286, активни 31
• Штип 1.257, активни 51
• Прилеп 684, активни 130
• Тетово 1.442, активни 146
• Струга 672, активни 50
• Велес 328, активни 32
• Битола 309, активни 63
• Охрид 428, активни 40
• Кавадарци 239, активни 42
• Гостивар 936, активни 89
• Гевгелија 126, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 251, активни 149
• Крива Паланка 110, активни 26
• Радовиш 85, активни 21
• Крушево 20, активен 1
• Кочани 363, активни 162
• Пробиштип 115, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 32
• Валандово 35, активни 24
• Виница 114, активни 26
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активен 1
• Свети Николе 352, активни 44
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.697 теста се преку: ИЈЗ – 588, ЦЈЗ Скопје – 88, „Авицена“ – 360, „Биотек“ – 158, МАНУ – 118, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 110, „Систина“ со PCR-метода – 117, лабораторија „Лаор“ – 56, Судска медицина – 15, ЦЈЗ Битола – 54, Инфективна клиника – 7, ГАК – 11, „Синлаб“ – 15, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 20, а во болницата во Штип – 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 175 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 56
• Гази Баба – 85
• Аеродром – 115
• Карпош – 95
• Центар – 105
• Кисела Вода – 90
• Ѓорче Петров – 53
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 7
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен – 1

Прикажи повеќе...

Регион

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Објавено пред

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква.

Задната врата што ја отвори вселенскиот патријарх Вартоломеј се чини дека не е затворена во време на објавувањето на томосот за автокефалноста на расколничката црква во Украина, што предизвика негодување и тага кај милиони православни христијани во светот. На овој начин грчките црковни кругови ги коментираат барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква, пишува „Спутник“.

Според Дмитрис Целегидис, професор на Аристотелскиот богословски универзитет во Солун, прашањето за автокефалноста очигледно е прашање на Српската православна црква.

„Сè е апсолутно јасно. Ова прашање очигледно е во надлежност на Српската православна црква. Ако вселенскиот патријарх почне да ја признава автокефалноста, тогаш тој ќе ги надмине авторитетите, како во случајот со Украина. Ваквите потези на црквата создаваат само проблеми“, нагласува професорот.

„Бидејќи не ја признаваме соседната земја како Северна Македонија, како може да очекувате да ја признаеме македонската автокефалност? Во Скопје нема македонска црква. Според мое лично мислење, патријархот Вартоломеј не треба да им дава автокефалност”, изјави митрополитот на Флорина, Теоклит.

Извори од круговите на Грчката православна црква блиски до Светиот синод тврдат дека Грчката православна црква ќе ја следи волјата на патријархот Вартоломеј како во случајот со давање автокефалност на украинската црква.

На крајот на 2019 година поранешниот висок претставник на Грчката православна црква за „Спутник“ изјави дека Грчката православна црква нема да може да се спротивстави на постоењето независна македонска црква. Ова се должи на фактот дека грчките архиепископи го изгубија правото на вето кога го признаа правото на патријархот да дава автокефалност во целост.

Протојереј Теодорос Зисис, професор по теологија на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, ги коментира постапките на Вартоломеј велејќи дека Вартоломеј се обидува да ја добие поддршката на мнозинството во црковниот свет создавајќи свои цркви и се обидува да ги ослаби и српската и руската црква.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија11 час

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион13 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија14 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија14 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион15 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ16 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет16 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија16 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија17 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет18 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет18 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија2 дена

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет2 дена

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 дена

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 дена

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие