Црна хроника
Приведен криминалец осуден на шест и пол години затворска казна
Вчера, во с. Лојане, општина Липково, на локалниот пат кон с. Миратовац, Република Србија, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И. В. (43) од с. Брвеница, Тетовско.
Тој бил осуден на казна затвор од шест години и шест месеци за сторени кривични дела разбојништво по член 237 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување пет години и пет месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
И покрај изречените забрани дошол и се заканувал на сопругата и нејзините родители: Семејно насилство во Штип
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“.
На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата директно или индиректно и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до нејзиното живеалиштето.
Црна хроника
Без одобрение, во Трпејца си изградил семејна куќа на државно земјиште
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
Топ
Кривична пријава и притвор за тетовец за физички напад врз сопругата: жената завршила во болница
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 78-годишниот Ш.А. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој му определил осумдневна мерка притвор.
Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
