Црна хроника
Приведен скопјанец за кражби во автомобили
Полицијата го приведе 54-годишниот Џ.Б. од Скопје осомничен за кражби во автомобили. Според информациите на МВР, против него е поднесена кривична пријава за две кражби, со кои се стекнал со противправна имотна корист од 190 000 денари.
Двете кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин, искористувајќи го отсуството и невниманието на пријавителите, при што од две возила одзел чанта и паричник и со мотоцикл избегал од местото.
Кражбите ги извршил на 17 август годинава, во периодот од 10:50 до 11:10 часот на улица 15 Корпус во Скопје. Во првиот случај од камион „рено“ пријавениот украл чанта во која имало паричник со лични документи, 300 евра и околу 6 000 денари. Втората кражба ја извршил во автомобил „мазда“ од каде што украл паричник со лични документи, околу 400 долари, 450 евра, 30 швајцарски франци, 350 албански леки и 58 000 денари. Крадецот бил приведен на 30 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден: сообраќајки во Скопје, Штип и Битола
Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола.
Утрото, во 07:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Неколку часа подоцна, во 12:00 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Енгелсова“ во Штип, патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Г.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
Вечерта, во 19:48 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“ во Битола, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од село Долна Чарлија, општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
(Фото) Уапсен 16-годишник од Тетово: при претрес на неговиот локал пронајдена дрога
Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја.

Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Црна хроника
Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција: уапсен 66-годишник
Вчера во 16:15 часот во село Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода бил 66-годишниот Г.С. од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
При претрс во неговиот дом и помошни простории во село Горно Душогубица, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се и одземение ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62мм, 10 куршуми за карабин 9мм и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
