Црна хроника
Приведен скопјанец кој го давел својот 18-годишен син и се обидел да го турне од тераса

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1, кое претходело на обидот за убиство.
На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.
Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното насилство, осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот. Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.
Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши, како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти

Вчера околу 22.20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од полициски службеници од СВР-Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со ноќен радар „уловени“ 208 возила кои возеле побрзо од дозволеното

Во текот на изминатата вечер (08/09.08.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 208 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
При тоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
178 казнети возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
Засилените акциски контроли продолжуваат.