Контакт

Црна хроника

Приведен 26-годишен тетовец, кај него била пронајдена дрога

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Тетово денескa во периодот од 16 часот и 30 минути до 18 часот, извршија претрес во домот на Е.А. (26) во Тетово.

При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се 44 пакувања со марихуана.

Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по Кривичниот законик, информира МВР.

Топ

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Објавено пред

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчера вечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото кој бил пренесен во болница заради укажување на лекарска помош починал од срцев удар.

Според полицијата настанот се случил вчера на 03.08.2021 во 21.00 часот кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

98 санкционирани возачи на мотоцикли

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 98 возачи, од кои 30 биле исклучени од сообраќај.

Од нив, 62 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

173 сообраќајни санкции во Скопје, 78 за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (3.8.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчера вечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР....

Свет3 часа

(Видео) Маж се заканува дека ќе активира бомба во украинската влада

Непознат маж се заканува дека ќе активира бомба што тајно ја внел во зградата на украинската влада, објавија руските агенции,...

Регион3 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Македонија4 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија4 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион4 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет4 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ16 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија19 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија23 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија24 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа1 ден

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија1 ден

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија1 ден

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија2 дена

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија2 дена

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Досие