Црна хроника
Прилепчанец ја нападнал и повредил поранешната сопруга

Полицијата го приведе С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Две лица загинаа во Струмичко, со трактор излетале од патот

Две лица загинаа кога со трактор излетале од локалниот пат од с. Трибичино кон с. Едрениково, Струмичко, на местото наречено Бресто.
Од добиените повреди на местото на несреќата починал З. бС., а повреди добил К. К. (74) од с. Владевци, кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
Македонија
Скопјанец со столче ја тепал сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата Дебарца во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка.
Тој најпрвин почнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце.
Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.
Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Приведен e избеган крадец, ќе доиздржува уште 4 години и 8 месеци

Денеска, во 8.10 часот, на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т. И. Д. (35) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела според член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.