Контакт

Црна хроника

Притвор за разбојник што крадел по куќи во Куманово

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 39-годишен кумановец поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, во периодот од 18 до 21 месецов, преку незаклучени врати влегол во три куќи.

Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300 000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо. Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи дел од парите кои успеал да ги украде, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне.

Од страна на судија на претходна постапка на 39-годишниот А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведени тројца малолетници кои украле златни ланчиња

Објавено пред

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

„На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Обвинение за скопска дилерка на хероин

Објавено пред

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 39-годишна жена за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од Обвинителството, таа во домот во кој престојувала на скопската улица Никола Тесла, заради продажба, неовластено држела хероин со вкупна тежина од 22,68 грама, спакуван во повеќе пакувања.

Дрогата била пронајдена на 22 септември при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Разбојник од Кавадарци се обидел да ограби аптека во Скопје

Објавено пред

Кавадарчанец со иницијали А. В., на возраст од 22 години, бил уапсен во Скопје околу 1 часот по полноќ на 30 септември.

Како што информираат од МВР, 22-годишникот се обидел да изврши тешка кражба во аптека на булеварот Видое Смилевски – Бато, но бил уапсен пред неа.

Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион2 часа

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал кога по грешка му...

Топ3 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Свет4 часа

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева оти рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад...

Македонија4 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија5 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија18 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион24 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Досие