Контакт

Црна хроника

Притвор за скопјанец за шверц на 12 мигранти од Бангладеш

Објавено пред

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Љ.(26) од Скопје, поради шверц на мигранти. На 21.06.2020 на магистралниот пат Штип – Велес кај место викано „делисенска пруга“ од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, било сопрено патничко возило „порше каен“, сопственост на Б.Д. од Скопје, а управувано од пријавениот. При прегледот во возилото пронајдени биле 12 мигранти од Бангладеш, од кои шест биле малолетници. На пријавениот изречен му е мерка притвор и предаден е во КПУ Затвор-Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Четворица повредени кога возило излета од патот кај Пирок

Објавено пред

Вчера во 12.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Прикажи повеќе...

Топ

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Објавено пред

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира полицијата, вчера во 17.46 часот било пријавено дека пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки. Во возилото имало две лица кои се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Тетово.

За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило се преврте кај Пробиштип, загина 24-годишно момче

Објавено пред

Синоќа во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело. Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија29 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ1 час

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија2 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет3 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија22 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие