Контакт

Црна хроника

Притвор за скопјанец кој во својот „голф“ криел пиштол

Објавено пред

Велешкото Оновното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 26-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење и тргување со оружје.

Осомничениот на 19 мај годинава во својот автомобил „голф 5“, во просторот под воланот, каде што се наоѓа механизмот за дотерување на висината, држел пиштол „берета – арми рома“, во калибар 7,65 милиметри, во кој имало и рамка со 8 куршуми.

Оружјето било пронајдено од страна на полицајци од СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес – Скопје, кај наплатната станица „Отовица“.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци (сопатниците во автомобилот) и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, Основниот суд во Велес на скопјанецот му определил притвор во траење од 30 дена.​

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Запленети 220 рибарски мрежи и приведени три лица за незаконски риболов

Објавено пред

СВР Охрид, граничната-езерска полиција, регионален центар Запад и Државниот инспекторат за земјоделие, преземаат интензивни контроли со цел сузбивање на казнени дела поврзани со незаконит риболов и други дела спротивни со Законот за рибарство и аквакултура. Целта е откривање на сторители на вакви казнени дела и заштита на рибниот фонд во водите на Охридското езеро.

Од почетокот на оваа година, на охридско – струшкото крајбрежје, реализирани се околу 80 акциски контроли во кои, затекнати се повеќе лица при вршење незаконит риболов од кои тројца се приведени, пронајдени и одземени се околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми. Притоа, одземени се околу 220 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 23.000 метри, неколку метални чамци како и друга разновидна рибарска опрема. Рибниот улов заедно со мрежите се предадени во Јавната научна установа „Хидробиолошки Завод“ Охрид.

Мерките против незаконитиот риболов и понатаму ќе се спроведуваат, информираат од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Почина затвореник од Идризово кој се лекувал на клиника

Објавено пред

Починал затвореник од Идризово кој се лекувал на клиника. Вчера во 11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово, кој бил донесен на 4.05.2020 од затворот со здравствени проблеми. Од страна на доктор е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено за обдукција, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен 27-годишен скопјанец кој нападнал полицајци

Објавено пред

Вчера во 20.45 часот на пункт „Стенковец“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М.(27) од Скопје бидејќи физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејствија.За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Во Црна Гора веќе нема заразени од Ковид-19

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот...

Европа2 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа3 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет8 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија9 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт9 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет10 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија10 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион12 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа12 часа

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт12 часа

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион13 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет1 ден

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт1 ден

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа1 ден

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Свет1 ден

СЗО: Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата, најпогоден е Бразил

Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, при што Бразил е најзагрозен, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО)....

Досие