Црна хроника
Притвoр за полицаецот што зел поткуп од Холанѓанец

Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена на приведениот полицаец, кој зел поткуп од холандски државјанин за да не му пише прекршок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го приведе А.Б., бидејќи на 21.09.2019 околу 16:20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му зел поткуп од 20 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
689 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
143 казнети возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.