Контакт

Црна хроника

Пријава за битолчанец- превезувал дрва без лиценца

Објавено пред

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца. На 20.10.2018 година, околу 15.00 часот, во Битола, полициски службеници го затекле пријавениот при истовар на огревни дрва од товарно возило, негова сопственост, при што било утврдено дека со возилото вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

За само еден ден во Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди

Објавено пред

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета, соопштија од МВР.

Во сообраќајните незгоди, како што посочија од полицијата, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

„Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така исклучено е од сообраќај едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување  зимска опрема“, стои во соопштението на МВР.

Во текот на изминатиот ден издадени се и 55 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, додаваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Камион и автомобил се судрија кај Делчево

Објавено пред

Товарно моторно возило и автомобил се судрија на магистралниот пат Делчево –Кочани во атарот на селото Драмче, Делчевско, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот, кој со возило на Итна помош бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Внукот што си ја уби баба си сам се пријавил во полиција

Објавено пред

Момчето што попладнево ја уби баба си во Драчево само се пријавило во полиција, соопшти скопското Јавно обвинителство.

„Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата“, велат од Обвинителството.

Телото на 66-годишната жена беше пронајдено доцна попладнево кога момчето се пријавило во полиција. Неофицијално, тој ја убил жената со нож.

„По наредба на јавен обвинител, во моментот се подигаат материјални траги пронајдени на самото место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција“, додаваат од ОЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет3 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија18 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија20 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ21 час

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток22 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија23 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Бегството на Груевски1 ден

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека не е...

Македонија2 дена

Мицкоски побара независно тело да ги анализира прислушуваните разговори на обвинителите

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот марш во Кочани упати барање до Владата да се формира независно тело кое...

Досие