Контакт

Црна хроника

Пријава за скопјанец, преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратениците

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец за загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието.

,,Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа ‘Фејсбук’ од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието и поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 ‘загрозување на сигурност’ и по чл.394-г ‘ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем’ од Кривичниот законик”, соопшти МВР.

По наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, скопјанецот вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање  докази.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], велат од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Автомобил удри велосипедист на патот Свети Николе-Овче Поле

Објавено пред

Тешко повреден 69-годишен велосипедист од Свети Николе, во кого синоќа, на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово, удрил со автомобилот 33-годишен светиниколчанец.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Штипјанец со автомобил излета од патот и удри во сообраќаен знак

Објавено пред

Педесетишестгодишен штипјанец е тешко повреден откако со автомобил „Форд Фокус“ излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак. Несреќата се случила на магистралниот пат Кочани-Штип, на влез во село Долни Балван

Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болнца Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Побаран притвор за осомничен од Охрид во чиј дом е пронајдена дрога

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 35-годишен охриѓанец за неовластено производство и продажба на дрога.

.Како што се наведува, осомничениот неовластено набавил марихуана и ја држел во својот дом во Охрид. При извршен претрес на неговиот дом, пронајден е еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.

Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет2 часа

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет3 часа

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет4 часа

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет4 часа

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија4 часа

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија17 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија18 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет20 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет21 час

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија22 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ23 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион1 ден

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија1 ден

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија1 ден

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија1 ден

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија1 ден

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет2 дена

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион2 дена

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Досие