Црна хроника
Пријава за 39-годишен маж кој излажал дека го ограбиле

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(39) од скопското село Морани, поради постоење сомнение за „лажно пријавување на кривично дело“. На 23.11.2020, тој лажно пријавил дека истиот ден на стариот пат Гостивар – Тетово, од с.Жеровјане кон с.Боговиње, додека се движел со патничко возило, две лица со закана му одзеле пари, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во стан во Охрид, сопственикот и семејството во болница

Цело семејство од Охрид е пренесено во болница поради вдишување чад откако избувнал пожар во нивниот стан.
Според информациите на полицијата, вчера околу 07 часот бил пријавен пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицински центар Охрид.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид. Се утврдуваат причините за пожарот.
Топ
Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во Скопје на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, кога Г.К.(77) со „порше“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и избегал.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен.
Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“ и повеќе од 600 куршуми за различно оружје.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот