Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лишен од слобода маж од скопско, пукал кон соселанец и му нанел повреда
Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда.
Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото.
Полициските службеници по пријавата презеле мерки и го лишиле од слобода лицето Г.А..
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
МВР: Лишени од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола). Од седуммина под дејство на алкохол тројца се во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово,Тетово и Велес, а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Црна хроника
Битолчанец тешко повреден по пад од мопед во демирхисарско село
Триесет и деветгодишен маж од Битола се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на локален пат во село Обедник, општина Демир Хисар.
Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 18:20 часот, кога Б.Ј. (39) управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
