Црна хроника
Продолжува постапката против лицата кои осквернавија гроб вршејќи тешка кражба во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10 октомври три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.
„ По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот.
За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до 5 години. Согласно Законот за кривична постапка за овие дела, мерката притвор може да трае најмногу 8 дена. Со оглед на тоа што прибирањето на доказите сè уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице“, соопшти обвинителството.
Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млада скопјанка пронајдена почината во нејзиниот дом

Вчера утрото била пронајдена почината 33-годишна скопјанка во нејзиниот дом.
Според информациите од МВР, На 31.05.2023 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом била пронајдена почината И.Р.К.(33). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Црна хроника
Страотен случај во Гостивар: Го уценувале за пари дека ќе објават видео разговори и пораки со неговата љубовница, им платил 10.000 евра

Го уценувале за пари дека ќе објават видео разговори и пораки со неговата љубовница. Во неколку наврати му зеле вкупно 10.000 евра.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари“ соопшти МВР.
Црна хроника
Синот ја истепал мајка си: семејно насилство во Гостивар

Мајка го пријавила својот 28-годишен син во полиција поради физички напад, информира полицијата.
Имено, денеска, во 6 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот гостиварец Д. Н., кој претходно бил пријавен од неговата 49-годишна мајка дека во семејната куќа физички ја нападнал.
Тој, како што соопшти полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.