Топ
Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово.
„Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограма марихуана“, соопшти МВР.
Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен
(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер. Долж булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци. Ова доаѓа откако за време на ракометниот натпревар имаше инцидент, а навивачи влетаа на теренот.
Автобусите и комбето по пат беа пратени и со полициски возила, со цел зголемена безбедност на навивачите и ракометарите. Првите тензии дојдоа во првото полувреме кога Пелистер имаше и предност пред Вардар.
Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар, кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.
Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига, Вардар на домашен терен во Скопје со 31:24 (13:10) славеше победа откако го победи Пелистер.
Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Спорт
(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.
Натпреварот е прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.
Натпреварот е во прекин, а двете екипи се повлекоа од теренот.