Црна хроника
Пронајдени кокаин, марихуана, приведени лица при акциска контрола во угостителски објекти во Скопје

Вечерта 19/20.03.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела на подрачјетo на град Скопје извршиле контрола во два угостителски објекта, при што бил извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица била пронајдена марихуана.
Лицата како што соопшти МВР биле лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож. Од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ“, велат од ресорното министерство. Најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил удрил во 57-годишен скопјанец и побегнал од местото на несреќата

57-годишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил кој побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Имено синоќа во 22.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица „Орце Николов“, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Бил извршен увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с. Трубарево, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.
Црна хроника
Крадец од Скопје украл мотоцикл, украденото било вратено на сопственикот

Синоќа, во 20:50 часот, на ул. Благоја Стефковски, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 5.5.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.