Црна хроника
Пронајдено оружје во куќа на жител на Копанце, Тетовско

Автоматска пушка, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа на жител на тетовското село Копанце.
Според информациите на МВР, вчера е приведен Б. З. (32) од с. Копанце, Тетовско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми во калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „берета“ со една рамка, 162 куршума во калибар 7,62 милиметри и еден куршум во калибар 7,65 милиметри.
З. Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот. Денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдена бомба во дворот на црквата „Св.Јован“ во Романовце

Жител на кумановското село Романовце пронашол рачна бомба во дворот на црквата „Св.Јован“ и пријавил во полиција.
„ На 16.04.2021 во 14,18 часот во СВР Куманово, С.С. од с.Романовце-кумановско, пријавил дека во с.Романовце-кумановско, во дворно место на манастир „Св.Јован“ пронашол рачна бомба. Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било местото на настанот и извршен увид, по што од страна на пиротехничар истата била превземена за понатамошна постапка“ соопшти МВР.
Црна хроника
Стружaнец ја обвинил поранешната сопруга дека му ставила дрога во кафето

Стружанец ја пријавил поранешната сопруга дека го отрула со дрога, додека заедно биле во парк и пиеле кафе.
„ Вчера во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.
Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи“ соопшти МВР.
Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Повеќе лица од Тетово осомничени за перење пари

Неколку лица од Тетово се осомничени за перење пари, информира Министерството за внатрешни работи.
СВР Тетово поднело кривична пријава против К.Д.(40), Ф.Д.(61) и Е.Р.(20), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.
Овие лица во текот на 2016, 2018 и 2019 година во повеќе наврати, преку услугата за брз трансфер на пари, на своите трансакциски сметки отворени во Република Северна Македонија, врз основа на нерегулиран правен основ, примиле парични средства во вкупен износ од 22.327 евра и 8.507 американски долари, како и 3.750 денари, а кои им биле испратени од поголем број непознати лица од Германија, Швајцарија и Косово.
Притоа, Е.Р. паричните средства кои ги примил на неговата трансакциска сметка, откако ги извадил му ги дал на К.Д, додека К.Д. и Ф.Д. паричните средства кои ги примиле од непознати лица на нивните трансакциски сметки, откако ги подигале од сметките, во повеќе наврати ги предавале на рака на А.К., државјанин на Турција кој престојувал во Република Северна Македонија, кој за возврат за направената услуга им давал 1.000 денари.
Пријавените лица, со фактот што примиле парични средства од непознати лица и ги испратиле, исто така, на непознато лице, без да постои правен основ на нивното примање и испраќање, биле должни да знаат или можеле да знаат дека наведениот износ на парични средства најверојатно потекнува и е прибавен од казниво дело, велат од МВР.
Од таму дообјаснуваат дека со стореното кривично дело пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист во висина од 1.821.776 денари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш