Контакт

Топ

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Објавено пред

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место.

Како што соопшти МВР, здравствениот работник починал во собата за дежурни лекари.

Станува збор за 61-годишен скопјанец со иницијали Љ.Н.(61).

Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Објавено пред

Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и дека овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура.

Според најавените измени, останува предлогот казната да изнесува 250 евра за секое сторено насилно дело на детето, која ќе треба да ја плати родителот.

Министерката Јаневска особено потенцираше дека оваа парична казна ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и со останатите надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен следната година

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави:

„Ние пред некој ден имавме со новинарите посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево-Охрид да биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето. А исто така во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена. А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, целосно имотно-правните односи се заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.“

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Објавено пред

Од

Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, велат од ЗНАМ.

Од таму додаваа дека СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции.

„Се започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи македонскиот јазик и култура како исти и заеднички со бугарскиот јазик и заедничка историја. Потоа следуваше изјава од тогашниот претседател Стево Пендаровски со кои дополнително се отворија контроверзии околу ликот и делото на Гоце Делчев, нарекувајќи го Бугарин. Следствено на ова, се потпиша и т.н. француски предлог, прифатен од владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, што претставува најголема дипломатска капитулација и отстапки на штета на македонските позиции. Дополнително, членот на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земун, со својот последен јавен настап ја минимизира улогата и значењето на Гоце Делчев, како историска личност кој е темел на македонската државност“, вели портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Тој вели дека Венко Филипче, во континуитет инсистира на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, притоа релативизирајќи ги постојаните негирања и провокации што доаѓаат од официјална Софија кон македонскиот идентитет, јазик и историја.

„Со ваквите ставови и политики, Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје, промовирајќи наративи што директно им штетат на македонските национални позиции и достоинството на македонскиот народ. Се поставува прашањето која е позадината на ваквите бугарофилски политики на СДСМ, кога упорно промовираат наратив што директно се коси со чувствата и ставовите на македонскиот народ? Во чие име се води оваа политика на релативизирање на македонскиот идентитет? Во чии интереси се шири тезата дека Бугарија не го оспорува македонскиот национален идентитет, кога секојдневно сме сведоци на спротивното? Зошто СДСМ постојано се обидува да ја прикрие сопствената политичка одговорност зад флоскулата за европскиот пат, додека истовремено ги блокира и бојкотира реформските процеси во Собранието?“, праша Мемов.

Тој вели дек ЗНАМ се сомнева дека вистинските мотиви за ваквиот наратив не лежат во европската иднина на државата, туку во заштита на лични бизнис интереси, капитал и економски релации поврзани со Бугарија.

„Затоа, јавноста заслужува одговор на следниве прашања: * Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?“, праша Мемов.

Тој ги повикува и членовите и симпатизерите на СДСМ да не поддржуваат вакви, како што рече, штетни политики и да не бидат нивни заложници.

„Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, базирајќи се на основните темели на постоење на македонската држава, Илинден и АСНОМ, ги остава вратите отворени за сите искрени и чесни членови и симпатизери на СДСМ“, рече Мемов.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 секунди

Бекамови станаа милијардери: објавена е листата на најбогати Британци

Фудбалерот Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој стана милијардер, додека браќата Ноел и Лиам Галагер од бендот „Oejzis” за...

Спорт17 минути

Вардар е шампион на Македонија

Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во...

Македонија31 минута

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Свет49 минути

(Видео) Британски воен аналитичар: Дури ни „Сатана“ нема да може да го спаси Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште...

Свет1 час

Медиумите во ЕУ за средбата Трамп-Џјинпинг: Борбата за светска превласт продолжува

Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и...

Македонија1 час

Савески- Палминтери: Италија подготвена да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на...

Македонија2 часа

„Вреди“: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори...

Свет2 часа

Путин: Економските мерки на владата почнаа да даваат резултати

Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски во СОС Детско село: Ќе обезбедиме субвенции за секое згрижувачко семејство

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари...