Контакт

Црна хроника

Пукање во ресторан во Прилеп, двајца повредени

Објавено пред

Во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп ноќеска околу 3 часот имало пукање од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од прилепското село Лажани, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде што им била укажана помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Црна хроника

Вработен во погребално во Бутел пронашол граната додека копал гроб

Објавено пред

Вработен во погребален сервис Бутел вчера во полицијата пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во селото Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната.

Од полицијата информираат дека гранатата била со должина од околу 30 сантиметри.

Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетници се тепале во угостителски објект во Сарај

Објавено пред

До физичка пресметка помеѓу две групи малолетници дошло синоќа во угостителски објект во Сарај.

Како што јавуваат од полицијата, на пресметката претходело недоразбирање и нетрпение и бил нарушен јавниот ред со тепачка помеѓу 16- и 17-годишни малолетници од селото Грчец, Скопско, од една страна, и Ј. Л. (35), Б. Л. (18) и 17-годишен малолетник, сите од селото Грчец, и 17-годишен малолетник од селото Глумово, Скопско, од друга.

Направени се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Германски државјанин пронајден починат во стан во Скопје

Објавено пред

Четириест и двегодишен Германец бил пронајден починат во стан во Скопје, информираат од полицијата.

„На 28.5.2020, во 16.42 часот, во СВР Скопје, С. И. пријавила дека во стан на улицата Јордан Мијалков во Скопје го пронашла починат Х. Н. (42) од СР Германија. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“. наведува МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Видео) Советот за безбедност одлучува за вонредната состојба

Во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, се одржува седница на Советот за безбедност. Советот се...

Македонија1 час

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет1 час

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија2 часа

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Македонија3 часа

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија3 часа

На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за...

Македонија3 часа

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет16 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија19 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион21 час

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија22 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија22 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија24 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија24 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија24 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија1 ден

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија1 ден

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Досие