Црна хроника
Пукање кон куќа во Арачиново
Во петокот околу 18 часот 20-годишниот Г.Н. од Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот во дворот од семејната куќа три непознати лица дошле пред неговата куќа (во која што во тоа време, покрај него биле уште и неговата мајка, брат и сестра). Лицата почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа, ја отвориле портата и едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух.
Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот. Потоа, лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот вооруженото лице кое што седело на возачкото седиште низ отворениот прозорец испукал еден куршум во правец на пријавителот.
Набргу по настанот, Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19,00 часот, го забележал истото возило (во коешто биле сите трите лица) како повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од сторителите испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа, движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
„Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Црна хроника
(Видео) Во Драч уапсени две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“
Според информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која од слобода се лишени М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.
При лишувањето од слобода, кај лицата биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои според полицијата, постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.
Акцијата, соопшти МВР е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија.
Црна хроника
Од сефот во банка ѝ украле пари и часовник: ограбена скопјанка
61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено.
Според полицијата, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишната жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила, биле одземени пари и часовник.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
