Црна хроника
Работник загина во „Железара“

Работник загина на работното место во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.
Од МВР информираа дека при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, Скопско.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им е одреден и притвор.
Во соопштението пишуваат дека од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа “Убиство” по чл.123 и “Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл 288, а во в.в чл.22 од Кривичниот законик.
-Имено, на 22.09.2023 во временскиот период од 06.40 часот до 09.30 часот, по пријавен пожар во стан на ул.”Исаија Мажовски” во Скопје, И.Ј.(35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело. Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и на 29.09.2023 бил извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан Централен распис за потрага, а лишена од слобода е И.Ц.. Од страна на Судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена, наведува МВР.
Црна хроника
МВР: Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Денеска (30.09.2023) во 15.40 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ, кај бензинска пумпа на автопат А1, го лишиле од слобода А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело “криумчарење мигранти”.
Имено, откако претходно на наплатна станица „Смоквица“ со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на 8 лица мигранти од Сирија.
А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
77-годишен струмичанец се обидел да ја силува 64-годишната сосетка

Уапсен е 77-годишниот Р.П. од струмичко село вчера во Струмица во 15.30 часот, информира МВР.
Тој е осомничен дека на 27 септември се обидел да изврши обљуба врз 64-годишна жена, негова сосетка.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.