Црна хроника
Разбојник со закана со нож украл чанта на 17-годишна скопјанка, приведен е

Вчера на улицата Манапо во Скопје, полицијата го приведе 68-годишниот Ф.А..
Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта.
„Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Група мaлолетници нападнале врсник и го снимале со телефон во Скопје

Вчера во Полициската станица Чаир, татко на малолетно момче пријавил дека на улицата Костурска, неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетници, од кои еден снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Насилство во Кисела Вода: скопјанец ги нападнал сопругата и нејзината мајка

Синоќа во 21 часот во Кисела Вода, полициски службеници го привеле З.Б.(46) од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга и нејзината мајка и им упатувал закани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Приведен шверцер: пронајдени лекови, цигари, казино-картички, брендирана спортска облека без документација

Денеска, во 4.30 часот, на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с. Романовце, Кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф. Т. (56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.
При контрола во автобус „мерцедес“, со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино-картички за кои не поседувал документација.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.