Црна хроника
Разбојник со нож ограбил продавница во Визбегово
Разбојник со нож вчера ограбил продавница во Визбегово, скопско.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.A.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 21 мај во продажно место во с.Визбегово, скопско, пријавениот со закана со нож кон вработената одзел пари од дневниот промет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
