Црна хроника
Разбојници од Прилеп од два стана во Струмица украле предмети вредни над милион денари

Прилепската полиција во текот на вчерашниот ден привела три лица поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби.
Врз основа на судска наредба биле извршени и претреси во домовите М. Т. (27), М. Д. (29) и Д. Е. (20), сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети што потекнуваат од кривичните дела.
Тројцата прилепчани се сомничат дека се извршители на две кривични дела тешка кражба извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на погоден алат одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети, со што стекнале противправна корист од 1.277.030 денари.
Во текот на денешниот ден лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен жител на Џепчиште за издржување затворска казна поради нелегално оружје

Утрово околу 9:30 часот припадници на тетовската полиција, врз основа на судска наредба, го привеле Л.А.(34) од тетовското село Џепчиште, за издржување казна затвор од две години, за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Тој бил предаден во тетовскиот затвор за издржување на казната.
Црна хроника
Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица без маски

Угостителски објект во Куманово е затворен откако полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при контрола затекнале 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема.
На 25.2.2021 година во 17:22 час во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул. Гоце Делчев има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против вработен во „Градски гробишта“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Тој, на 12.11.2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бекатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер