Контакт

Топ

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Објавено пред

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и РК „Еурофарм“ во спортската сала Автокоманда.

Според пријавата, 23 годишен скопјанец со иницијали А.Б. го извршил нападот, кога ракометарот излегол од соблекувалната.

МВР соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Објавено пред

Од

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По неговото доаѓање на чело на Mинистерството, беа извршени две вонредни набавки на инсулин, првата во декември 2017, а потоа и во јуни оваа година.

Од Министерството за здравство, вчера, по објавата на „Макфакс“ за недостиг од инсулин, соопштија дека уште денеска ќе биде распишан тендерот за набавка на лекот. Но, сепак, останува отворено прашањето зошто министерот за здравство цели пет месеци распишува тендер и покрај сознанијата дека има недостиг на инсулин. Уште во март годинава од Министерството најавуваа дека се прават последните подготовки и анализа за потребните количини инсулини, но тендерот не беше пуштен.

„Макфакс“ се обиде да стапи во контакт со министерот Филипче, но тој не одговори на нашите повици за разлика од вчера кога вети дека денеска ќе даде одговор на нашите прашања.

Националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски, за „Макфакс“ рече дека тендерот за набавка на инсулин е изготвен, но нема информација зошто се чека да се објави по што нè препрати да се обратиме до кабинетот на министерот Филипче.

Оттаму ни потврдија дека тендерот ќе биде објавен во текот на денот, односно дека се чека на министерот да се врати од владината седница за да го потпише. На прашањето зошто толку долго се чекаше за објавување на тендерот, од кабинетот образложија дека причината за задоцнувањето е тоа што било потребно подолго време бидејќи се собирале детаљни информации за бројот на пациенти, се вршеле процени, точна анализа и проверка на потребната количина сè со цел да не се дојде до ситуација да има потреба од интервентен увоз.

Претходниот редовен тендер беше распишан во 2016 година од страна на ексминситерот за здравство, Никола Тодоров, кој беше цел на напад на јавноста поради критериумите што беа поставени на тендерот. Дијабетичарите се жалат дека добиваат неквалитетен инсулин што не ги задоволува ИСО-стандардите, а исто така има жалби и за квалитетот на глукометрите со кои се мери висината на шеќерот во крвта.

Претседателката на Здружението на лицата со дијабетес, „Алегрија“, Рената Јакимовиќ, вчера за „Макфакс“ истакна дека дијабетичарите се принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи не може да го најдат во аптеките. Министерството за здравство по оваа изјава испрати реакција во која се вели дека на повидок нема никаква инсулинска криза, односно дека има доволно инсулин во инсулинските аптеки и покрај сведочењата на лицата со дијабетес дека во аптеките каде што го набавуваат лекот нема доволно инсулин.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Објавено пред

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките за висината на доходот и негово даночење треба да биде кодирана. Ова е ставот и на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Здружението на банкарите по веста за донесување на законот со кој УЈП на електронски начин ќе има увид во податоците и во банкарските сметки на граѓаните.

Дирекцијата за заштита на личните податоци уште во мај годинава дала негативно мислење на предложените измени на Законот за банките со кои УЈП треба да добие слободен пристап до банкарските сметки на граѓаните. Од Дирекцијата соопштија дека измените не се во согласност со начелата за заштита на личните податоци и за тоа испратиле писмо до Министерството за финансии, кое е предлагач на законот.

„Со измените се овозможува преобемно и неограничено обработување на личните податоци, кои по својот обем не се неопходни во однос на исполнување на целите поради кои се обработуваат“, велат од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Дирекцијата смета дека првин мора да се смени Законот за УЈП и да се утврдат заштитни мерки за граѓаните, односно да се дефинира кои податоци ќе ги добива Управата, кој ќе ги гледа и колку време ќе се чуваат.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пак, истакна дека оваа пракса била присутна и порано, но за посебни случаи, со посебни барања, уверувајќи дека нема можност за злоупотреба на податоците.

Од Македонската асоцијација на банкарите велат дека доколку власта остане на ставот и ја имплементира реформата, тогаш ќе мора да се воспостави кодирана размена на податоците, односно имињата на граѓаните да не бидат видливи. УЈП да нема целосен увид во банкарските сметки, туку само да ги прима податоците за кои граѓаните треба да платат данок.

Банкарските сметки на граѓаните, според важечкиот Закон за банките, и сега не се банкарска тајна за низа институции во земјата. До нив пристап имаат Народната банка, Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам и Финансиската полиција. Во законот стои и дека банките треба да им ги дадат податоците и на Министерството за труд, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравствено осигурување ако имаат потпишано меморандум за соработка. Со писмено барање до банкарските сметки на граѓаните стигнуваат и Државниот девизен инспекторат, Фондот за осигурување депозити, Јавното обвинителство и судовите.

Од Министерството за финасии тврдат дека целта на овој закон е само да се зголеми ефикасноста на работата на УЈП и податоците да се добиваат по електронски пат. Според нив, сите забелешки во однос на законот ќе бидат земени предвид пред неговото конечно донесување.

„По барање на УЈП, Министерството за финасии го предлага овој закон за да се дојде до поефикасен увид во доходот на граѓаните и да може да се наплатат даноците. Практично, и досега беше исто, но ова е само мерка со која ќе може целиот процес да се автоматизира“, велат од Финансии.

Што се однесува на доходот што граѓаните ќе го примаат на својата сметка, тој нема да подлежи на даночење, тврдат од Министерството.

Оштата процена на економистите е дека новиот модел на работа на УЈП ќе има позитивно влијание врз приходите во буџетот, но кај граѓаните преовладува општ револт за реформата со која нивните лични податоци и приходи може да бидат и злоупотребени.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Објавено пред

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо Николовски вели дека не добиле материјали.

„До овој момент немаме материјали за разрешување на Лазе Велковски, очекувам во текот на седницата да се поделат. Точките за европски интеграции беа во фокусот на вниманието во првиот дел од седницата“, вели Николовски.

Премиерот Зоран Заев најави дека денес ќе го прифати предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, кој го поднел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Премиерот вели дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски. Тој нагласи дека за една година и два месеца, колку што постои оваа Влада, биле разрешени повеќе од 20 луѓе и дека кој и да згреши, треба да одговара.

МВР извести дека директорот Велковски на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција оти тој бил зафатен со прославата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија39 минути

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Македонија1 час

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо...

Џенова, несреќа, Италија Џенова, несреќа, Италија
Европа2 часа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за...

Економија2 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија4 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ5 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет6 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија7 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ7 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија7 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија22 часа

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија1 ден

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија1 ден

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија1 ден

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион1 ден

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија1 ден

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија1 ден

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија1 ден

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Македонија1 ден

Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи

Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски,...

Досие